еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за „Титаник 2“ на СЈО продолжува на 18 декември

Со изведување на материјалните докази на одбраната во Кривичниот суд во Скопје, заврши денешното рочиште за предметот „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство што се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.

Следното рочиште е закажано за 18 декември, во 10 часот, кога свои искази треба да дадат сведокот на одбраната Љупка Гугуческа и вештото лице Љубомир Атанасовски. Искази најавија дека ќе дадат и обвинетите Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска.

Претходно на денешното рочиште сведочеше и сведокот Адмир Шабани, раководител на Одделението за едукација во Државната изборна комисија.

Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Илија Димовски: Нема договор помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, ќе констатираме дека Уставот нема да се менува

Редакција

Владата одлучи: Викендов полицискиот час од 19 часот

Редакција

Кривичен суд: „Таргет-Тврдина” беше приоритетен предмет пред случајот „Шпански скали”

Редакција