еМагазин
Image default
Македонија

Во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за насилството во Собрание

Со сведочење на загрозениот сведок С1 денеска треба да продолжи рочиштето за случајот „27 април“ на Основното јавно обвинителство во кое се обвинети вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

На вчерашното рочиште кое започна во новата зграда на Кривичниот суд, јавноста беше исклучена, а поради технички причини судењето беше префрлено во стариот објект на судот. Поради расправијата меѓу судечкиот совет и адвокатите за лошите услови во старата зграда на судот, одбраната беше казнета со по 1.000 евра, по што го напуштија судењето.

На претходните рочишта беа сослушани повеќе сведоци, меѓу кои пратеници, членови на собраниското обезбедување, припадници на МВР и новинари. Во своите искази тие ги објаснија нивните дејствија за време на критичниот 27 април минатата година.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За првпат се огласи Мухамед Асани, разрешениот директор на болницата во Струга: Мојата совест е многу мирна

Редакција

Се менува законот за прекинување бременост: Вољата на жената на прво место

Редакција

Со два воени авиони утре ќе бидат транспортирани останките на загинатите во автобуската несреќа

Редакција