еМагазин
Image default
Бизнис

Во Македонија има над 9.000 слободни работни места, најмногу во Пелагонискиот регион

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2019 година во Македонија имало 9.053 слободни работни места односно стапката на слободни работни места изнесувала 1.77 %.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот „Административни и помошни услужни дејности“ со 4.71 %, додека најмала е стапката во секторот „Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината“, во кој изнесува 0.60 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.02 %.

Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.08 %. Најголем број слободни работни места, односно 3.114, има во петтата група на занимања – работници во услужни дејности и продажба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во две блок трансакции продадени акции од Комерцијална банка

Редакција

Угостителски објект во Куманово затворен поради непочитување на протоколот за Ковид-19

Редакција

Божидар Јанковски освен извршен директор станува и сопственик на франшизата на Дајнерс клуб за Македонија

Редакција