еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Македонија има повеќе активни случаи на Ковид-19, отколку пикот во првиот бран

Заклучно со вчерашните податоци, во Македонија има вкупно 5.445 случаи на заразени со Ковид-19, од кои моментално се активни дури 3.095.

Оваа бројка е поголема од најавуваниот пик од првиот бран на епидемијата, кој се проценуваше дека ќе биде со 2.000-2.500 случаи.

Здравствените власти велат дека на Македонија моментално и се случува втор бран, но за сега нема најави кога да се очекува и со колкави бројки ќе биде пикот на овој бран, ако е втор, а не „опашки„ од првиот.

Најмногу активни случаи има во Скопје, 1.785, а лидер во рамките на Скопје, но и на национално ниво е Општина Чаир, каде според последните податоци, од вчера, има 413 активни случаи.

Следуваат Тетово со 338, Куманово со 254 и Штип со 186 активни случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чаир стигна до 413 активни случаи на корона вирусот: Детален преглед по скопските општини

Почна да се полни и болницата во Козле: Хоспитализирани 11 возрасни и 1 дете

Починаа уште 8 пациенти од корона вирусот

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Александар Пандов именуван за претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, кој се воведе согласно новиот статут

Редакција

Национални шуми втора: Топ 10 најголеми должници на Листата на должници на УЈП

Редакција

30 години од воведувањето на денарот и самостојноста на Народната банка

Редакција