еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Во Македонија се уште нема можност за кремирање на починатите

Телото на драматургот Горан Стефановски, вчера, по негова желба беше кремирано во Кентербери, Англија. Неговата пепел ќе биде расфрлена по Охридското езеро.

Во Македонија оваа погребна постапка иако е барана се уште ја нема.

Причините поради кои немаме крематориум најверојатно лежат во тоа што оваа постапка не е типична за нашата традиција и религија, па затоа не е и многу барана, но тоа не значи дека не треба да ја има како можност за избор, а секако, како и за многу други работи потребни се пари за изградба на крематориум.

Има законска можност

Законска можност за изградба на крематориум има. Таа е предвидена со Законот за гробишта и погребални услуги од 2008 година.

Изминативе неколку години периодично темата стануваше актуелна и имаше срамежливи најави за изградба на крематориум, но тоа не се случи.

Можност за кремирање на починатите во соседните земји

Кај нас нема можност за кремирање на починатите, но таа опција е возможна во соседните земји.

Претпријатието што управува со гробиштата во Скопје, „Бутел“ на пример нуди опција за кремирање во Белград, што пак дополнително ги зголемува трошоците на заинтересираните поради пренос на телото.

Што е кремирање?

Кремирањето е погребна постапка при што се гори телото на починатиот. Погребните останки се состојат од пепел и неколку коскениделчиња и забите и најчесто се ставаат во урни или по желба на починатиот се расфрла на одредено место.

Кремацијата низ светот најчесто се врши во крематориуми, а во некои држави како Индија или Непал, се прави и како церемонија на отворено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Телото на Стефановски денеска беше кремирано: Студентите започнале петиција една од зградите на Универзитетот во Кент да го носи неговото име

Горан Стефановски ќе биде кремиран, а пепелта ќе му биде расфрлана во Охридското езеро

Фото: www.cypresslawn.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема старт на преговорите со ЕУ: Блокадата од Бугарија за Македонија останува

Редакција

Бигорски манастир: Убиствата се последицa на тоа што не се санкционирани и отфрлени докажаните и непоправливи криминалци, манипулатори, луѓе со болен ум и речник

Редакција

Нов раст: 218 здравствени работници заболени со коронавирусот во Македонија

Редакција