еМагазин
Image default
Македонија

Во Македонија се враќаат околу 3.000 македонски граѓани од странство

Вкупно 5.250 македонски граѓани затекнати во странство се пријавиле на повикот на Министерството за надворешни работи (МНР), што траеше до 22 март во 18 часот, за организирано враќање во Македонија, изјави за телевизијата Телма, државниот секретар во МНР, Зоран Попов.

Од нив, 2.900 граѓани се изјасниле дека сакаат да се вратат и прифаќаат задолжително да одат во државен карантин и да ја платат цената на чинење на авио-билетот.

Најголем дел од затекнатите македонски државјани се во Европа, но има и во прекуокеанските земји.

“Се работи за 350 барања од Северна Америка, Јужна Америка, Австралија, Азија и Африка. Ова е покомплицирано, правиме напори во соработка со соседните земји и држави членки на ЕУ, земји кои испраќаат летови да ги соберат своите граѓани од тие дестинации, да се организираме за заеднички специјален лет и преговорите течат во моментот.

Правиме сè што е во можност да ги извлечеме и тие наши граѓани. Во моментот приоритетот е на Европа, 95% од вкупно пристигнатите барања, 4.850 од вкупно 5.200 се однесуваат на Европа. Правиме се што можеме да ги извлечеме и нашите граѓаните на другите континенти, вели Попов.

Сите граѓани што ќе се вратат, без ислучок ќе одат веднаш во карантин и за тоа имаат дадена согласност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прв случај на коронавирусот во Тетово, како изгледа мапата по градови

32 случаи на заболени со коронавирусот во Македонија се импортирани од надвор

44 лица од заболените со коронавирусот во Македонија биле хоспитализирани во текот на болеста

Бројот на здравствени работници во Македонија, заболени со коронавирусот порасна на 20

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Македонија први против Ковид-19 ќе се вакцинираат лекарите и медицинскиот персонал, потоа хронично болните

Редакција

Мистерија дали има уште еден преживеан: Пронајдени 44 тела, преживеан патник тврди дека спасил осум лица, велат од бугарското Обвинителство

Редакција

Димитров до Сијарто: Парадоксално е барањето азил во земја на ЕУ од личност во чие владеење Македонија беше „заробена држава“

Редакција