еМагазин
Image default
Македонија

Во МВР моментално има 41 позитивни на корона вирусот, а 180 се во самоизолација

Во Министерството за внатрешни работи во моментов има 41 лице позитивно на Ковид – 19, а 180 вработени се во самоизолација, информира денеска Тони Ангеловски, портпарол на МВР за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.

Ангеловски рече дека бројката на заболени во МВР е променлива, и оти постојано се спроведуваат препорачаните мерки.

– По сознанието дека имаме тројца вработени во првата зграда на МВР, едниот е советникот на министерот Наќе Чулев и двајца вработени во бифето во зградата кое ги опслужува вработените, веднаш е направена епидемиолошка анкета од Институтот за јавно здравје на вкупно 67 лица.

Констатирано е дека пет лица треба да бидат во самоизлоација во наредните 14 дена, вели Ангеловски.

Сепак, додадва тој, тие се чувствуваат добро и нема потешка слика кај вработените. Меѓу нив е и државниот сектретар Магдалена Несторовска и едно лице од службата за односи со јавност.

Според портпаролот на МВР, има доволно заштитна опрема за полициските службеници на терен.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чаир рекордер: Како изгледа бројот на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини

Детален преглед: Најмногу починати од Ковид-19 во Скопје

Поради контакт со заболени од бифе на МВР: Државен секретар и уште четири лица во самоизолација

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Боки 13 останува во притвор, Апелација ја одби жалбата

Редакција

(Фото) „Свири крај“: Граѓаните во Скопје продолжуваат да „спасуваат“ пари од уништување преку корупција

Редакција

Убава вест: Во Охрид и Дебрца веќе нема заболени од коронавирусот

Редакција