еМагазин
Image default
Локално

Во одвоени случаи во Велес пронајдени две починати лица во нивните домови

СВР Велес информираше дека во изминатите два дена полицијата во два одвоени случаи пронашла два трупа – на 36-годишен маж и на 60-годишна жена во нивните станови.

Врз телата не биле најдени траги на насилство.

Како што појаснуваат од СВР Велес, во негов стан во Велес вчераутро полицијата нашла труп на 36-годишен маж, а без траги на насилство. Смртта ја констатирал и лекар на Итна медицинска помош од Велес. Увид на местото на настанот извршиле од СВР Велес и јавен обвинител.

Завчера, пак, во 15.40 часот во СВР Велес било пријавено дека  60-годишната Л.Љ. од Велес била пронајдена почината во нејзиниот стан на улица „Алексо Демниевски“ во Велес. Врз нејзиното тело немало траги на насилство. Смртта на починатата ја констатирал и лекар од Брза помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата ќе биде предадено за обдукција, информираат од СВР Велес.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во „Ивеко“ откриени 46 мигранти

Редакција

Ја силувал во хотел во Битола

Редакција

Малолетник од Битола олеснил туѓа платежна картичка на Интернет

Редакција