еМагазин
Image default
Македонија

Во понеделник јавни седници во Апелациски за притворите на Јанакиески и Божиновски

Во Апелацискиот суд Скопје во понеделник ќе се одржат две јавни седници за притворите на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.

Јанакиески е обвинет во неколку случаи на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), а Божиновски, како поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, е обвинет во случајот „Титаник”.

Двајцата се во притвор по бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија.

Обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова изјави дека притвор за Јанакиески и Божиновски е побаран, бидејќи СЈО имало информации дека и тие двајца планирале да побегнат исто како и Груевски.

Одбраната на Јанакиески и Божиновски на ваквата мерка поднесе жалби до Апелацискиот суд.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЈО: Груевски и Божиновски му овозможиле на „Бетон“ бесправно да го изгради седиштето на партијата

СЈО поднесе обвиненија против Груевски, Божиновски, Јанакиевски, Илија Димовски за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

СЈО: Имавме сознанија за опасност од бегство на Јанакиески и Божиновски уште на 2 јули 2017

Груевски ги остави на цедило Јанакиески, Божиновски, Јанкулоска…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со изведување на докази од Обвинителството продолжи судењето за случајот „Плацеви на Водно“

Редакција

Судот потврди: Мијалков во куќен притвор ќе ја дочека Нова година

Редакција

Најголем рејтинг има ВМРО-ДПМНЕ, втора е СДСМ, Левица четврта: Анкета на ИПИС

Редакција