еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Во пресрет на изборите: Албанското знаме откри рогови во вреќата на Владата

Случајот со истакнувањето на албанското знаме на Самоиловата тврдина во Охрид откри дека Бујар Османи и ДУИ се уште ги користат сите можни моменти и алатки за да го вратат гласачкото тело на свое конто врз база на националистички и иредентистички идеи.

Овој настан откри и дека во ДУИ ги толкуваат законите како што сакаат, но и дека наместо директно да комуницираат Владата, премиерот и вице-премиерот ги кршат копјата за овој случај со изјави по медиумите.

Ваквата практика ги отвара прашањата има ли воопшто комуникација меѓу кабинетите на премиерот, вицепремиерите и министрите во зависност од тоа дали доаѓаат од СДСМ, ДУИ или некоја друга партија, како и тоа дали двете партии кои се најголеми коалициски партнери во Владата работат на победа на претседателските избори со нивниот заеднички кандидат Стево Пендаровски.

Се наметнува и дилемата дали истакнувањето на албанското знаме на само неколку дена пред одржувањето на претседателските избори е монтиран случај или коинциденција и која е целта да се подгреваат националните чувства во пет до дванаесет од вториот круг на изборите за претседател закажани за 5 мај.

Кој и да има бенефит од ваквата политичка тактика, очигледно е дека отворената конфронтација меѓу Османи, кој изјави дека секој може да го истакнува албанското знаме каде што сака и реакцијата на Заев дека се знае кога се користи знаме на етничка заедница остава впечаток на несогласувања во владината коалиција во период кога треба да се демонстрира единство со оглед на важноста на овие претседателски избори, кои треба да бидат своевидна потврда на референдумот за името.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев: Законите се јасни и треба да се почитуваат, се знае кога се користи знаме на етничка заедница

Османи не го знае законот за употребата на албанското знаме

На Османи и Џафери им е поважно албанското знаме, отколку функционирање на правото и законите?

Бујар Османи: Поставете го албанското знаме било каде, дозволено е со закон

Играорецот вели дека Охрид е албански град, затоа ставил албанско знаме на Самоиловата тврдина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чешка и други ЕУ-членки вознемирени од францускиот предлог, само Бугарија била консултирана, откри чешка аналитичарка

Редакција

Убава вест: Оздравени нови 11 пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 1.705

Редакција

„Сега можете да рушите и да викате од УНЕСКО ни рекоа. Ајде!„: Твитер реакции по препораката Охрид да се стави на листата на загрозени светски наследства

Редакција