еМагазин
Image default
Македонија

Во Прилеп 7 нови случаи на заразени од корона вирусот, вкупно 124

Во Прилеп денеска се регистрирани седум нови случаи на лица заболени од Ковид-19 и по еден случај во општините Долнени и Кривогаштани, соопштуваат од прилепската локална самоуправа.

Двајцата заболени од општините Долнени и Кривогаштани, се жители на населените места Заполжани и Боротино.

На Инфективното одделение во прилепската болница „Борка Талески“ моментално се хоспитализирани 19 лица позитивни на коронавирусот. Двајца од нив се на кислородна поддршка, а другите се со стабилна клиничка слика.

Четири пациенти се сомнителни на коронавирусот, земен им е брис и се чекаат резултати. Во самоизолација се наоѓаат 334 лица.

Со седумте новозаболени лица, во Прилеп вкупно се регистрирани 124 лица, а досега починаа три лица. Локалните власти вчера информираа дека излекувани се седум лица.

Инаку, во текот на изминатото деноноќие, три лица не го почитувале полицискиот час и ќе им биде поднесена соодветна пријава.

МИА/Фото: Општина Прилеп

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

426 од заразените со коронавирусот во Македонија без симптоми

Коронавирусот регистриран во 24 градови во Македонија, детален преглед

(Графикон) До 19 години се 101 лица од заболените со коронавирусот во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

83% од новите случаи и 89% од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Редакција

Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по скопските општини

Редакција

36 лица во Македонија починале од Ковид-19 надвор од болница

Редакција