еМагазин
Image default
Македонија

Во Прилеп и Пласница по еден, во Долнени уште двајца новозаразени со коронавирусот

Еден лице е заболено од коронавирусот во Прилеп, двајца во општина Долнени и еден во Пласница, информираа денеска од прилепскиот Центар за јавно здравје.

Денеска се регистрирани и шест оздравени лица, па моментално во Прилеп се активни 24 случаи. Од нив 16 пациенти се на домашно, а осум на болничко лекување.

На инфективното одделение во Прилепската болница се хоспитализирани четири лица позитивни на коронавирусот. На три лица сомнителни на Ковид-19 земен им е брис и се чекаат резултати.

Во самоизолација се наоѓаат 54 лица. Дваесет и пет прилепчани се казнети поради неносење заштитни маски.

МИА/Фото: Општина Прилеп

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Млади лица на возраст од 20 до 40 години најбројни меѓу новите 18 случаи со Ковид-19 во тетовско

Во Куманово 15 новозаболени од корона вирусот, во Липково 9

Корона вирусот се врати во Дебар, тројца новозаразени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Американската амбасадорка Брнз повтори дека САД се разочарани што Македонија не ги почна преговорите за членство во ЕУ

Редакција

ЗНМ и СЕММ апелираат на крајна внимателност и етички баланс во вестите поврзани со исчезнатото девојче

Редакција

Отворен Конзулат на Малта во земјава, Кочо Анѓушев именуван за почесен конзул

Редакција