еМагазин
Image default
Македонија

Во Прилеп тројца новозаболени од корона вирусот, вкупно заразени 103 лица

Во Прилеп денеска се регистрирани три нови случаи на лица инфицирани со коронавирусот и вкупната бројка достигна 103 заразени лица.

Во самоизолација се 422 лица, а изминатата ноќ граѓаните го почитувале полицискиот час и не се забележани негови прекршувања.

Прилепските градски власти ги информираат земјоделците кои не се регистрираа, а имаат потреба за работа во поле да го известат Општинскиот кризен штаб.

„Земјоделците кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, а кои имаат потреба за извршување на земјоделски активности од сабота, 18, до вторник 21 април,  да го известат Општинскиот кризен штаб на телефонскиот број 0800 00 210 каде ќе ја најават потребата од дневна земјоделска активност.

Потребата за движење треба да се најави еден ден претходно, најдоцна до 20 часот. Притоа, точно треба да дефинираат времето и местото на извршување на земјоделските активности.

Нема да сe издаваат дозволи за движење, туку само ќе се евидентираат земјоделците кои го пријавиле своето барање за непречено движење поради извршување земјоделски активности, а потоа списокот на лицата ќе биде доставен до надлежните полициски организациски единици.

На овој начин на неевидентираните земјоделци ќе им се овозможи непречено движење во викенд деновите, со цел извршување на тековните земјоделски активности“, соопштија прилепските градски власти.

МИА/Фото: Општина Прилеп

Припадници на АРМ ќе одржуваат ред пред банките и маркетите во Прилеп

Една корисничка и две вработени во Дом за стари лица во Куманово позитивни на коронавирусот

(Фото) Ќе изгледаат ли вака плажите во Грција во време на пандемија со коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алијансата и Алтернатива протестираа со албански и американски знамиња: ДУИ не е победник на изборите

Редакција

Спречен шверц на тон марихуана во Македонија

Редакција

Закани кон новинарката Мери Јордановска, ССНМ бара истрага

Редакција