еМагазин
Image default
Македонија

Во сите институции има лица кои доставуваат извештаи до ВМРО-ДПМНЕ, тврди министерот Спасовски

Во секоја од институциите на системот има одредени лица кои даваат информации за случувањата во нив до опозициската ВМРО-ДПМНЕ, нагласи денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, напоменувајќи оти никогаш не кажал дека постојат параполициски структури во МВР.

-Имаме индиции во медиумите, објавени извештаи кои ги прават одредени структури на ниво на комисии од опозициската партија за следење на одредени настани и поднесување на такви изештаи, појасни министерот по настанот за доделување сертификати за завршена обука за идентификување на потеклото на пожарите, што се одржа во Центарот за обука во Идризово.

Одговарајќи на новинарско прашање дали некои од тие лица се приведени нагласи оти се анализираат сите докази со кои располагаат и додаде дека ќе се консултираат со другите надлежни институции за натамошното постапување.

Министерот Спасовски вчера од собраниската говорница одговарајќи на пратенички прашање истакна дека постои ваква тендиција во институциите. Тие луѓе вработени во МВР или други државни институции даваат информации за состојбите во институциите до група за проценка во партијата.

Спасовски посочи дека него стигнал списокот со сите луѓе, кои се задолжени од администрацијата, јавните претпријатија и од Министерствата да ги испраќаат таквите извештаи до партијата.

– Тоа не се полициски службеници кои ги даваат тие извештаи. Тоа се луѓе, дел од некаква комисија за безбедност, а според извештаите биле потпишани од Оливер Андонов, Никола Николов, Александар С. Ѓорчески и Александар Ѓеорѓиевски, и таквите извештаи ги доставуваат до партијата, претседателот Мицкоски и во електронска форма до групата за проценка која е составена од поранешни функционери од делот на безбедносните служби од опозицијата, рече вчера Спасовски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Фашизмот мора да падне“: Левица за утре организира протест за ослободување на Ламбе Алабаковски

Редакција

(Фото) Со доцнење поради Боки 13, почна судењето за „Рекет“

Редакција

Груби: Не го плашете народот, во 21. век никој никого не асимилира

Редакција