еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Војската влезе во „Охис“

Воени лица попладнево влегоа во кругот на фабриката „Охис “откако утрово беше пријавено дека се шири непријатна миризба од оваа локација.

Претходно инспектори на општина Кисела Вода, Град Скопје и од Државниот инспекторат за животна средина и екипа на Минисерството за внатршни работи вршеа увид во кругот на „Охис“ каде според првичните информации се случило излевање на вода со која била чистена цистерна во која претходно бил складиран метил акрилат мономер.

Од Државниот инспекторат за животна средина за МИА појаснија дека истекувањето се случило во погон во кој фирма препакува и отстранува хемикалии кои се неупотребливи и останати од поранешната фабрика, а кои ќе се извезуваат во странство.

„Станува збор за истекување вода од цистерна во која бил складиран метил акрилат мономер. Откако е испразнета цистерната фирмата има обврска да ја исчисти. При перењето попуштил вентил и течноста се излеала во еден вид бетонска када која е надвор и затоа се почувствувала миризба во околината“, истакна за МИА инспектор кој е на терен.

Фирмата има дозвола да препакува т.н. историски отпад кој го пакува во буриња и го извезува во Швајцарија. Станува збор за отпад во количина од 60 до 70 тони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инспeкторатот во контрола на ОХИС: Истеклe неупотребливи хемикалии од поранешната фабрика

Фото: 360 степени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради “капки вода“ затворена модуларната болница пред Инфективната клиника во Скопје

Редакција

Денеска почнува судењето на сопственикот на „Доказ„, Марјан Стаменковски

Редакција

„Сложни попови и во петок мрсат“: Твитер за „црниот фонд“ и СЈО и платите на Јанева и обвинителите

Редакција