еМагазин
Image default
Македонија

Во следните две недели се очекува нормално функционирање на клиниките и болниците

Министерот за здравство Венко Филипче очекува во следните две недели да почнат со нормално функционирање сите клиники и болници.

Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата, Филипче рече дека дел од клиниките веќе се вратени на работа, а дел се подготвуваат.

– Дел од клиниките се вратија во функција, дел се уште ги подготвуваат капацитетите и во следните две недели ќе бидат во функција сите клиники и болници, рече Филипче.

За стоматолозите, рече дека има соодветен протокол, а дел од нив се подготвени и може да почнат со работа.

Апелираше сите да ги почитуваат препораките за заштита особено носењето на заштитна маска и држењето на растојание.

– Носењето на маска е мерка која го спречува ширењето на вирусот. Со таа мерка ние постепено се враќаме во живот. Доколку не би ја имале оваа мерка, тогаш сигурно дел од рестриктивните мерки ќе продолжеа.

Мерките ги носиме имајќи го предвид пакетот на препораки кој е веќе на сила. Без разлика каде сме, тоа се препораките кои треба да се почитуваат. Така ќе продолжи и во следните месеци. Ќе биде потешко во летните месеци, но така е секаде. Ако тие не се почитуваат може да има зголемување на бројот на пациенти, рече Филипче.

Најави дека во следниот период е планирано да биде награден целиот медицински персонал кој во работеше со пациентите заболени од корона вирусот во изминатиот период.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новозаболените од коронавирусот во Скопје се заразиле на сеемен настан

Новозаболените со коронавирусот во Тетово се заразиле на погреб

Од коронавирусот почина пациент од Делчево на возраст од 60 години

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи да ја покани бугарската колешка да клекне пред споменикот во Ваташа и да се извини, повика Мицкоски

Редакција

Поради 8 здравствени работници кои заболеле од Ковид-19, штипска Кардиологија и Физикална терпарија не примаат пациенти

Редакција

(Фото) Ленче Здравкин и Денис Јанкуловски добитници на државната награда „Мето Јовановски“ за човекови права

Редакција