еМагазин
Image default
Локално

Во сообраќајката кај Струмица загина деветнаесетгодишна девојка

Во сообраќаjната несреќа што се случи во 04:05 часот на патот Струмица-Радовиш во близина на село Радичево, загина 19-годишната С.Т. од Струмица, а возачот Ф.Д. се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје, соопшти портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

Во несреќата учествувале автомобил „Фолксваген шаран„ со бугарски национални ознаки, управувано од Ф.Д.(31) од Струмица и товарно моторно возило „ДАФ’’ со радовишки регистарски ознаки управувано од С.Т. (44) од Радовиш.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Измама во Скопје: Му дал пари на „полицаец“ за да прикрие измислена сообраќајка на ќерка му

Редакција

Скопјанец со „БМВ“ удрил во канделабра: Тешко повредена 16-годишна сопатничка

Никола Осило

Кичевчани ги малтретирале своите деца, женското го присилувале на проституција

Редакција