еМагазин
Image default
Локално

Во светиниколско беснее голем пожар, на помош екипи од Штип и Велес

Голем пожар беснее во близина на светиниколското село Ќоселери. Командирот на Противпожарната едница на Свети Николе, Кирил Колев вели дека станува збор за пожар, што се шири многу брзо, заради ветерот.

-Зафатени се десет ридови и борова шума, станува збор за големо просторанство и засега неможеме да кажеме за колкава површина е зафатена. На терен сме сите пожарникари од ТППЕ Свети Николе, на помош ни дојдоа и пожарникарите од Штип, а ги чекаме и од Велес. Ангажирана е и земјоделска механизација, а исто така и вработени од шумското стопанство, вели Колев.

Тој истакна дека пожарот се движи кон селото Богословец, односно кон штипскиот регион. Пожарот што во моментов беснее во светниколскиот регион е на терен што е непристапен. Во гаснењето на оваа огнена стихија се ангажираа и авионите, односно ер тракторите, кои веќе се вклучени во гаснењето на пожарот. Според првичните информации станува збор за пожар, што е предизвикан од запалено стрниште.

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашко Велковски за МИА вели дека зафатена е површина од над 200 хектари од борова шума и ниска трева.

-Екипите на ТППЕ Свети Николе и Штип, Македонски шуми, Дирекцијата за спасување, ЈКП Лозово и Доброволното противпожарно друштво интензивно работат на гаснење на пожарот. Заедно со градоначалникот на Лозово сме на терен и помагаме во гаснењето на пожарот, вели Велковски.

Изминатите две недели светиниколските пожарникари се постојано на терен и во текот на денот гаснат по неколку пожари предизвикани од запалени стрништа. Но, според Колев овој е еден од поголемите, со кои што денеска се соочуваат на теренот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сопружници се степале и демолирале изнајмена викендица во Маврово

Редакција

Едно лице загина и тројца се повредени во сообраќајка кај Струмица

Редакција

Кривична пријава за тетовчанец: Лажно во име на друг комуницирал преку „Фејсбук“

Редакција