еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Во тешка сообраќајна несреќа, загина кошаркарската легенда Благоја Георгиевски-Буштур

Легендата на македонската кошарка Благоја Георгиевски-Буштур загина во сообраќајна несреќа, синоќа во Кисела Вода.

Според неофицијални податоци, возилото на Буштур најверојатно поради голема брзина се излизгало и удрило во бетонски столб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали од МВР за несреќата во која загина легендарниот Благоја Георгиевски-Буштур

“Благоја Георгиевски е роден на 15. октомври во Скопје. Најголем дел од својата играчка кариера ја помина во Работнички, клуб со кој се натпреваруваше во Првата југословенска кошаркарска лија. Во сезоната 1975/76 популарниот Буштур, заедно со Работнички, стигна и до полуфиналето на Купот на победниците на Куповите.

Георгиевски беше и член на младинската репрезентација на Југославија. А со таа селекција, предводена од Лазар Лечиќ, Буштур ја освои Балканијадата во Ријека одржана во 1970 година. За време на младинското Европско првенство во Атина, нашиот кошаркарски великан го освои четвртото место.

Во 1971 година, беше дел од југословенската сениорска репрезентација која настапи на ЕП во Западна Германија, каде се закити со сребреното одличје.

Георгиевски беше учесник и на Летните Олимписки Игри, прво на оние во Минхен, во 1972 година, а потоа и во 1976 година кои се одржаа во Монтреал. Како составен дел на популарните „сини“, Буштур стигна до олимпиското сребро, што е најголемиот резултат на еден македонски кошаркар во историјата на овој спорт.

По осамостојувањето, Георгиевски работеше и како тренер. Беше и селектор на македонската сениорска репрезентација, и прв генерален секретар на Македонската кошаркарска федерација,

Беше член на Управниот Одбор и на Собранието на Македонскиот Олимписки комитет, претседател на Олимпискиот Совет при МОК, а беше и потпретседател на највисоката спортска институција во нашата земја.

Член е на Клубот на Великаните на Македонскиот Олимписки комитет од 1997 година“, информираат од Кошаркарската федерација (КФСМ).

Од него се прости и пејачот Ален Исламовиќ, кој на Фејсбук објави фотографија од нивното последно дружење непосредно пред несреќата.

Фото: Ален Исламовиќ/Фејсбук/КФСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Сашо Василевски, директорот на МЕПСО, која е на „тапет“ во јавноста поради партиски вработувања

Редакција

Хрватска го освои третото место на Светското првенство во фудбал

Редакција

Државното друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор склучи договор со “Ибо под„ вреден 1,8 милиони евра

Редакција