еМагазин
Image default
Локално

Во тешка сообраќајна несреќа загина маж од струмичко Дабиле

На 10.09.2018 година во 17.40 часот на автопат Велес – Куманово, кај исклучокот за Аеродром „Скопје“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Форд Мондео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(50) од Скопје и патничко возило „Опел Астра“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.К.(42) од с.Дабиле, струмичко. В.К. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал, информира МВР.

Со тешки телесни повреди се здобиле и сопатниците во возилото „Опел Астра“, А.А.(43) од с.Вељуса, струмичко и 11-годишно дете од с. Дабиле, струмичко. Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во болниците „8-ми Септември“ и „Св.Наум Охридски“.Извршен е увид на местото на настанот. По наредба на Јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Граѓаните утре ќе протестираат за да го спасат теренчето во училиштето „Блаже Конески“

Редакција

Сообраќајниот хаос почнува од утре: Генерална проба за Советот на ОБСЕ

Редакција

Повреден полицаец и сопатник во судар меѓу возило на МВР и „форд транзит“

Редакција