еМагазин
Image default
Македонија

Во Тетово намален бројот на активни случаи со корона вирусот

Кризниот штаб при општина Тетово по денешниот состанок оцени дека се намалуваат случаите на заболени со корона вирусот во изминативе две недели.

Центарот за јавно здравје денеска бележи два нови случаја.

„Од почетокот на пандемијата во Тетово и петте околни општини, вкупниот број на дијагностицирани е 1063, а од нив досега оздравеле 769 лица, 80 починале, со што бројот на активни случаи изнесува 214. За среќа, во Тетово и регионот продолжува трендот на намалување на нови случаи, додека бројот на оздравени е во пораст, со што од минатата недела до денес бројката на активни случаи е значително намалена од 276 на 214 лица“, истакна градоначалничката Теута Арифи.

Од Секторот за внатрешни работи информираа дека во Тетово и околните општини вкупниот број лица кои се наоѓаат во изолација со одлука и самоизолација е 378.

„Апелираме со посебен акцент до младите луѓе да не се собираат во поголеми групи и да ги почитуваат мерките за физичко растојание, да носат заштитни маски и да внимаваат на личната хигиена.

Исто така, деловните субјекти и стопанствениците строго да ги почитуваат протоколите и заштитните мерки, бидејќи за да се избориме против оваа пандемија мора да ја докажеме нашата решеност и високо ниво на општествена и граѓанска одговорност“, истакна Арифи.

Во текот на изминатото деноноќие, за неносење заштитни маски изречени се прекршочни платни налози на 21 лице. Нема прекршувања кај контролите на 346 луѓе со решенија за изолација дома.

МИА/Фото: Општина Тетово

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини

Убава вест: Оздравени 113 пациенти од корона вирусот, најмногу од Скопје 57

Нови 88 заболени од корона вирусот од 1.507 тестирани, најмногу во Скопје, Штип, Струга

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за говор на омраза и загрозување на сигурноста на пратеници

Редакција

Нема крај на партиските бурлески: ВМРО-ДПМНЕ бара амнестија, СДСМ нуди помирување

Редакција

Чавков: Нема правник, нуту граѓанин, кој нема сомнеж за амнестијата

Редакција