еМагазин
Image default
Локално

Во товарно возило откриени 61 мигрант, возачот избегал

На 22.07.2019 околу 19.20 часот било пријавено дека на автопатот Неготино-Скопје, во близина на надвозник Виничани, било забележано како од товарно возило со скопски регистарски ознаки, кое било застанато и од кое се симнуваат повеќе лица, информира МВР.

Полициски службеници излегле на местото и во близина на возилото пронашле 61 мигрант (од Пакистан 45, од Авганистан девет, од Бангладеш шест и еден од Индија).

За настанот е известен Јавен обвинител, а мигрантите биле пренесени во Прифатниот центар „Винојуг“ Гевгелија и Прифатниот центар за странци во Скопје за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Црквата Свети Спас ограбена на Божик

Редакција

(Видео) ЈП Водовод и канализација-Скопје, три години успешна приказна

Редакција

(Фото) Верувале или не: Во Тетово затворена автоперална пред училиште, поради која учениците 20 години наместо на тротоар одеа по улица

Редакција