еМагазин
Image default
Локално

Во Вардар кај село Кочилари пронајдено тело на 77-годишен велешанец

Седумдесет и седум годишниот велешанец Л.С. денеска е пронајден мртов во реката Вардар, во близина на село Кочилари.

Случајот во СВР Велес го пријавил жител на село Кочилари денеска околу 10.00 часот.

Како што информираат од СВР, на трупот нема траги на насилство, а по завршување на увидот е утврдено дека се работи за 77-годишниот Л.С.

По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Татко и ќерка нападнале малолетно момче

Редакција

(Фото) Приведени двајца дилери на дрога: Пронајдени хероин, марихуана, кокаин, хашиш, екстази…

Редакција

Поштар пронашол почината жена во нејзиниот дом во Велес

Редакција