еМагазин
Image default
Македонија

Во Велес во вторник по Велигденските празници, припадници на АРМ ќе ги контролираат влезовите на банките поштата, маркетите и Градскиот пазар

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски на денешната прес-конференција информираше за заклучоците донесени на денешната осма седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, меѓу кои и дека идниот вторник по Велигденските празници пред банките, поштата маркетите и Градскиот пазар во Велес за да се спречат гужвите од граѓаните ќе контролираат припадниците на АРМ, во согласност со наредбата на Државниот кризен штаб.

– Имајќи ги в предвид искуствата од минатиот викенд, се преземаат мерки и активности за организирање на долгиот полициски час кој претстои и дека со наредба на Државниот кризен штаб на располагање се ставени припадниците на Армијата.

Тие после завршувањето на полицискиот час идниот вторник ќе помогнат при одржувањето на јавниот ред и почитување на мерката за држење определено растојание на граѓаните пред влезовите на банките, Градскиот пазар, зградата на поштата и пред влезовите на маркетите, информира Коцевски.

Тој појасни дека сето ова ќе се регулира со донесување на Оперативен план, кој предвидува асистенција и на претставниците на СВР – Велес, АРМ, ТППЕ – Велес и на ЈКП „Дервен“, а со цел заштита на здравјето на жителите.

МИА/Фото: Општина Велес

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повик верниците на Велика Сабота да излезат на своите балкони со свеќа и да го запеат тропарот на Воскресението

Ќе ја „оплескаме“ ли со коронавирусот за Велигден?

Црквите ќе бидат отворени за Велигден, причестување може и во домашни услови

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кирил Петков: Јас и Димитар нема да подлегнеме на провокации

Редакција

Обвинителството денеска изведуваше докази на судењето за „Софтвери”

Редакција

Филипче: Од денеска ќе бидам во домашна изолација

Редакција