еМагазин
Image default
Локално

„Во време на корона“: Град Скопје ќе им плаќа 14.500 денари на уметници за маалски концерти, претстави, работилници..

Град Скопје, заедно со градските културни институции, објави јавен повик за финансирање на проекти, како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“.

„Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои ги изгубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом“, соопштија од Град Скопје.

Ќе се поддржат маалски изведби во времетраење до 2 часа за кои техничката опрема ќе биде обезбедена од културните установи на Град Скопје, како и  виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца во времетрење до 2 часа.

Предност ќе имаат уметници/творци/артисти кои во овој период немаат ангажмани и не се вработени. Нема ограничување на возраст, а услов е да имаат место на живеење во Скопје.

Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари.

Повеќе детали ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонец во Германија: Мерките за корона вирусот се спроведуваат и без полициски час

Зошто кај нас процентот на здравствени работници заболени од корона вирусот е висок

(Галерија) Смешната страна на „корона-кризата“ и карантинот

Нов раст: 117 здравствени работници во Македонија заразени со коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кочанчанец се заканил дека ќе постави бомба за време на Струмичкиот карневал

Редакција

Физички ја нападнал на кејот на Вардар и ѝ го одзел мобилниот

Редакција

Бобан Црничиќ нов в.д. директор на ЈП „Улици и патишта“- Скопје

Редакција