еМагазин
Image default
Македонија

Во вторник собраниската Комисија ќе расправа за одземање на пратеничкиот мандат на поранешниот премиер Груевски

Седницата на собраниската Комисија за деловнички и мандантно-имунитетни прашања на која ќе се разгледува предлогот за одземање на мандатот на Никола Груевски ќе се одржи во вторник.

На веб страницата на македонското Собрание за 6 ноември е закажана оваа седница со единствена точка на дневниот ред – Предлог за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски врз основа на добиено известување од Основниот суд Скопје 1 Скопје, Одделение за организиран криминал и корупција за пресуда КОК бр.59/17 од 23.05.2018 година со која пратеникот е осуден на казна затвор во траење од две години.

Од Кривичниот суд вчера соопштија дека судија за извршување на санкции ја одбил молбата на Груевски за одлагање на двегодишната затворска казна за набавката на луксузниот мерцедес во предметот „Тенк“ на СЈО.

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ најдоцна до 8 ноември треба да се јави на издржување на двегодишната казна затвор.

На 23 мај, Кривичниот суд Скопје за набавката на мерцедесот вреден 600 илјади евра го осуди првообвинетиот Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затвор, а второобвинетиот Никола Груевски, како поттикнувач за извршување на делото, на две години затвор. Двајцата потоа поднесоа жалби на првостепената пресуда до Апелацискиот суд Скопје.

На 5 октомври, Апелација како неоснована ја одби жалбата на Груевски и во целост ја потврди првостепената пресуда за затворска казна од две години.

Судот делумно ја прифати жалбата на обвинетиот поранешен помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски и го преиначи делот на одлуката за казната и го осуди на казна затвор во траење од четири години и шест месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
Во предметот „Тенк“ осудена е и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на шест години затвор.

МИА/Фото: Фејсбук/Груевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот ја одби молбата на Никола Груевски: Екс-премиерот со една нога во Идризово

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата „За подобра Македонија“ нема да гласа за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски

Груевски бара одлагање на казната поради пратеничките обврски и бидејќи пишува книга

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Институт за демократија: Не е само внесувањето на Бугарите во Уставот, има и други услови од Софија

Редакција

Објавена снимка за која се тврди дека се слуша како градоначалникот на Шуто Оризари, Дудуш, тепа човек во општината

Редакција

Спасовски: Истрагата за „Двојник“ ќе се прошири

Редакција