еМагазин
Image default
Локално

Во земјава има 196 јавни паркиралишта

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2018 година, бројот на паркиралишта и гаражи, како објекти за паркирање, изнесува 196, со површина од 582.753 m2 .

Според обработените податоци, 22 034 места за паркирање се на отворен простор, 2.181 место за паркирање има во покриените гаражи, додека во катните гаражи има 4.952 места за паркирање.

Во споредба со 2017 година, бројот на паркиралишта и гаражи е зголемен за 0.5 %. Во истиот период, бројот на местата за паркирање е зголемен за 3.49 %, додека во покриените гаражи бројот на местата за паркирање е намален за 0.14 %, а во катните гаражи за 20.1 %.

Бројот на местата за паркирање на отворен простор за лицата со посебни потреби, во 2018 година, изнесува 460, во покриените гаражи 51, додека во катните гаражи изнесува 149.

Со ова истражување се опфатени деловните субјекти за јавни паркиралишта во Република Северна Македонија и паркиралиштата на општините.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Британец со автомобил удрил во велосипедист во Скопје

Редакција

Охриѓанец сакал со возило да влезе во казино на „Партизанска“

Редакција

Кривични пријави за татко и син од Дебар поради напад на полицајци

Редакција