еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Во згрижувачко семејство сместени децата кои беа оставени во автомобил во Ново Лисиче

Меѓуопштинскиот Центарот за социјални работи привремено во згрижувачко семејство ги згрижи децата кои синоќа беа оставени во автомобилот во Ново Лисиче.

Од Центарот велат дека е во интерес на децата да се згрижени безбедно и да ја добијат потребната нега.

„Стручниот тим смета дека во моментов најдобар интерс на децата е да бидат сместени на безбедно место каде што ќе ја добијат потребната грижа нега и психосоцијална подршка. Значи ова значи времено сместување на друго безбедно место, а во однос на родителското право ќе треба да ги комплетираме потребните документи да се консултираме и во Министерството за внатрешни работи и со основното јавно обвинителсто да видеме со кој факти и докази располагаме“, изјави директорката на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Наташа Станоевиќ.

Таа додаде дека стручен тим ќе работи и со родителите на децата и тој ќе треба да ги оцени нивните родителски капацитети. Таа проценка, заедно со другите информации ќе бидат основа брз која ќе биде донесена евентуална одлука за одземање на родителско право.

Две деца синоќа околу 22 часот беа најдени оставени сами во автомобил на паркинг во скопската населба Ново Лисиче. Полицијата по реакција на граѓани ги извадила од возилото и тие биле однесени во Клиничкиот центар во Скопје.

„На 28 август околу 21:50 во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на булевар „Видое Смилевски Бато“ во паркирано патничко моторно возило „алфа“ со скопски регистарски ознаки се наоѓале две деца кои биле заклучени.

Од страна на полициските службеници веднаш е интервенирано и децата се извадени од возилото и со возило на итна медицинска помош се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза’““, информираа од МВР.

По презмени мерки од полициските службеници ги пронашле Т.Т.(44) и М.Н.(35), родители на децата. За случајот полицијата го известила јавниот обвинител и се работи на расчистување на случајот.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Децата кои беа заборавени во автомобил на паркинг во Ново Лисиче биле запуштени

Две деца оставени сами во автомобил на паркинг во Ново Лисиче, пренесени в болница

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чешката аналитичарка се дообјасни, нејзините коментари не ја претставуваат официјалната политика на Чешка

Редакција

По 12 години ќе се рестартира ТЕЦ „Неготино“

Редакција

(Фото) Македонските војници кои помагаа во Турција се вратија дома

Редакција