еМагазин
Image default
Техно

Водење на бизнис во општество базирано на податоци

Меѓународен бизнис самит во организација на CEED Македонија и WorldChicago ќе се одржи на 12 септември во Хотелот Холидеј Ин.

Дефинирајќи ги податоците како „новото гориво на иднината“, претприемачи, претставници на бизнис секторот и експерти од Македонија, САД и други земји на Балканот ќе ја разработат проблематиката поврзана со правилно управување на податоците за подобрување на работата и резултатите во бизнис секторот.

Преку обработување на темите од овој самит, бизнис заедницата може да се здобие со знаење како да ја препознае вредноста на податоците и нивните предности, менаџирање на податоци за подобрување на бизнис и маркетинг стратегиите, како и за правилно донесување на деловни одлуки.

Почетокот на самитот е во 9:00 часот и истиот е поделен на 4 сесии:

– Како сајбер безбедноста и податоците влијаат на бизнисот,

– Креирање бизнис користејќи хетерогени податоци,

– Водење на бизнис во општество управувано од податоци

– Бизнис управуван од податоци,

Големиот проток на податоци ги обликува сите пропулзивни бизниси на начин кој не можеше да се замисли пред неколку години, па затоа овој самит нуди информации кои ќе ви помогнат подобро да го испланирате и правилно да го водите својот бизнис во едни вакви услови.

Доколку ви се потребни повеќе информации за самитот, посетете ја веб страната www.events-ceedmacedonia.org.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Секој трет човек во Македонија пати од алергии: Како да се справиме со поленот

Редакција

A1 Academy – бесплатна академија за млади за стекнување дигитални вештини

Редакција

Самсунг започна со масовн производство на првиот индустриски mobile-DRAM за премиум смартфони

Редакција