еМагазин
Image default
Македонија

Водителката Лила и уште тројца сведоци ќе сведочат за „Рекет“

Предметот „Рекет”, против обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева, денеска ќе продолжи со презентација на четворица нови сведоци на Јавното обвинителство за организиран криминал.

Според најавата, за денеска се предвидени да сведочат Сања Димовска, Агапи Дика, Лила Стефановска и Весна Костовска.

Досега како сведоци исказ дадоа поранешните обвинители од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Елизабета Јосифовска, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми, односно бизнисменот Јордан Камчев, неговата сопруга Ана Камчева, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинарот Христијан Баневски од 1ТВ и други.

Судењето за „Рекет” пред Кривичниот суд го води судијката Васка Николовска-Масевска, додека обвинението го застапува обвинителката Вилма Рускоска.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тврдокорните се враќаат со организирање на движење на граѓански отпор

Редакција

Пендаровски-Фон дер Лејен: Македонија очекува помош од ЕК во справувањето со енергетската криза

Редакција

Полицискиот час не го почитувале 46 лица, приведени 41

Редакција