еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Воспоставени дипломатски односи со Република Кипар

Во Хелсинки денеска, во рамки на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската Унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров и министерот за надворешни работи на Република Кипар, Никос Христодулидис, го потпишаа Протоколот за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји, информираат од Министерството за надворешни работи (МНР).

Како што информира МНР, со воспоставувањето на дипломатските односи се отвораат можностите за развој на политичкиот дијалог на сите нивоа и продлабочување на економската, културната и сите други видови соработка меѓу двете земји.

-Со овој чин, го официјализираме пријателството со уште еден сојузник во семејството европски држави, со кој активно ќе соработуваме на исполнување на европската агенда. Денес означуваме ново поглавје во билатералните односи и отвораме врата за плодна соработка, пријателство и просперитет, рече министерот Димитров.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Скулптура на светите браќа Кирил и Методиј од Серафимовски за папата Франциск

Редакција

Сите детали: Што треба да знаат граѓаните што ја примија првата доза на вакцината „АстраЗенека“ во Србија

Редакција

Врховниот суд го отфрли барањето на Груевски за преиспитување на правосилната пресуда за случајот „Насилство во Општина Центар“

Редакција