еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Воведен полициски час од 21 часот до 6 наутро: Кој ќе може да се движи и каде

Вечерва на седница, Владата донесе одлука за воведување на полициски час, односно се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден, почнувајќи од утре.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски изјави дека мерките мора сите да ги почитуваме, бидејќи само така ќе ги спасиме народот и државата од ширење на корона вирусот.

На вечерашното вонредно обраќање, Спасовски додаде дека забраната не важи за лица кои имаат потреба од итна медицинска помош, кои се во живото-загрозувачка состојба или ако имаат потреба од дијализа. По медицинскиот преглед треба да се достави оправдание до припадниците на полицијата од страна на придружните лица со болните, кои максимум треба да бидат двајца

Директорите на јавните здравствени установи треба да достават список на вработени кои ќе имаат потреба да се движат за да им бидат издадено пропусници. Забраната на движење не ги опфаќа припадниците на МВР, АРМ, пожарникарите и вработените во комунална хигиена.

Надлежните институции треба да одредат кои аптеки ќе бидат дежурни и од Владата препорачаа тоа да бидат оние кои се во близина на дежурните здравствени институции.

Јавниот превоз исто така се укинува за време на полицискиот час, а од Владата препорачаа да се намали бројот на патници за 50 проценти. Тие што го користат јавниот превоз да бидат со маски и ракавици и да држат растојание.

Ограничување на бројот на возила се бара и од такси службите и тие може да возат само до аптеки и здравствени установи.

Вработените во ЕВН, ЈП „Водовод и канализација“, телекомонукациските оператори ќе може да се движат за време на полицискиот час, но со претходна најава во МВР на 192.

Од Владата препорачаа фабриките да го прилагодат работното време според најновите препораки. Останува да важи забраната за собирање на над пет лица за време на 24 часа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонка од центарот на епидемијата на корона вирусот во Италија: Младо активно лице ја зарази цела Ломбардија, седете дома!!!

Објавен е бројот на кол-центарот каде што може да се јавите ако имате симптоми на корона вирусот

Филипче: Народот не почитува, ќе се затворат парковите и ќе се воведат построги мерки

Вкупно 85 заразени со корона вирус: Регистрирани нови девет случаи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Досега се самопопишале 49.837 лица од дијаспората

Редакција

Потресно сведоштво на патник за несреќата кај Ласкарци: „Зазедов позиција на фетус и потоа само слушав звуци“

Редакција

Следната година стартува со работа Блумберг Адрија, првата мулти-платформа за деловни вести во Југоисточна Европа

Редакција