еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Воведени се три нови типови на инсулин, еден од нив наменет за децата

Министерство за здравство воведе три нови типови инсулин кои се најнова генерација лекови. Еден од нив е наменет за децата, а станува збор за Тресибатаж, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче во обраќањето на форумот „Што е потребно за добра контрола на дијабетесот и среќно семејство“, што се одржа во пресрет на 14 Ноември, Светски ден на дијабетес, во организација на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – Баланс МК.

– Го укинавме паралелниот увоз на инсулин и терапија за дијабетес. Паралелниот увоз не гарантираше квалитет на инсулинот, ниту пак имавме контрола дали терапијата која им е потребна на пациентите во земјава влегува исправна, дали е запазен неопходниот ладен синџир кога се транспортираат овие лекови, рече министерот Филипче.

Тој посочи дека, Министерството за здравство сега е пред нов предизвик, да обезбеди сензори за континуирано мерење на гликемијата во крвта. Нагласи дека, за почеток потребни се околу 500 вакви сензори, за да можат да се покријат месечните потреби на децата, а со нивната набавка ќе им олеснат и на бремените жени кои имаат гестациски дијабетес.

Во Македонија има регистрирани 500 дечиња помлади од 14 години кои имаат дијабетес и секојдневно примаат инсулинска терапија. Во моментов во светот има повеќе од 425 милиони лица кои имаат дијабетес, а се предвидува дека до крајот до крајот на 2030 година, бројот на лица со дијабетес ќе изнесува барем двојно повеќе.

Фото: Министерство за здравство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски поправил прозорец на Инфективна, додека лежеше таму поради Ковид-19

Редакција

Детали за одбележување на роденденот на Тоше во Крушево: Елена Ристеска ќе настапи во спомен-куќата

Редакција

Во Неготино отруени два царски орли, ретки птици заштитени со закон

Редакција