еМагазин
Image default
Локално

Воз удри автомобил на преминот кај поранешна велешка Свилара

Железничка несреќа се случи изутрината нешто пред 9,30 часот на преминот кај поранешна велешка Свилара на патот кон селото  Горно Оризари, во која воз удрил автомобил „пасат“ во неговиот заден дел. Возачот кој бил сам во звтомобилот за малку се спасил и останал неповреден, потврдуваат од СВР Велес.

Како што информира за МИА д-р Страхил Тодоров, портпарол на ЈЗУ Здравстевн дом чија екипа на Итна помош по повикот веднаш  пристигнала на местото на настанот, тие утврдиле дека возачот нема телесни повреди туку само акутна реакција на стрес од настанот.

„Нашата екипа констатира дека на возачот не му е потребна дополнителна медицинска интервенција“, појасни др Тодоров.

Екипа на СВР Велес се уште е на местото на несреќата.

Инаку, на овој железнички премин како што информираат од Железничката станица во Велес има поставено патна сигнализација, знаци стоп и андреев крст – што значи дека патот го пресекува  железнички премин на пруга, а возачот треба да ја намали брзината и до погледне лево десно дали има воз, па потоа да преминува преку пругата.

Тие велат дека имаат најави дека наскоро со осовременување на пругата, и на овој премин треба да биде поставена и дополнителна современа звучна и светлосна сигнализација за поголема безбедност на возачите.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кумановец пријавил обљуба врз неговото дете

Редакција

Момче повредено со нож во напад кај Транспортен центар во Скопје

Редакција

Поради националната трагедија, Неготино и Демир Капија ги откажуваат сите настани за „Св.Трифун“

Редакција