еМагазин
Image default
Локално

Возачите да не го користат автопатот Миладиновци – Штип

Автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци, не е пуштен за сообраќај, се вршат проверки од безбедносен карактер и возачите не треба да го користат, информира Автомотосојузот на Македонија.

Поради рехабилитација на асфалтот на патот Кичево – Охрид помеѓу планинскиот превој Пресека и село Песочани  сообраќајот од денеска ќе се одвива под посебен режим со преминување од една во друга коловозна лента.

На местата на изведување на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во пожар изгоре куќа во Битола

Редакција

Пријавила физички напад од вработен во скопски маркет

Редакција

Жител на Сингилиќ се самозастрелал со пиштол

Редакција