еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Возачот што ги прегази полицајците бил под дејство на алкохол

Надлежен јавен обвинител заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи изврши увид на местото каде синоќа се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице, а неколкумина се повредени.

Сообраќајката се случила ноќеска, 45 минути по полноќ, на регионалниот пат Куманово-Свети Николе во близина на крстосницата со населба Ајдучка Чешма. 

-Патничко моторно возило управувано од осомничениот, жител на Куманово кој бил видно под дејство на алкохол,  удрило во двајца полициски службеници. Од тежината на повредите на лице место еден од полициските службеници починал.

Возачот потоа продолжувајќи со управувањето со возилото удрил во друго патничко моторно возило во кое биле три лица и на сите им нанел телесни повреди. Возилото продолжило со движење, но од брзината и ударите се превртело, при што и возачот се здобил со телесни повреди.

Сите повредени лица се згрижени во медицинска установа и им се укажува помош, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Надлежен јавен обвинител донел наредба за вршење обдукција на телото на починатиот. Донесена е и наредба за прибирање траги од лице место, фотографирање и скицирање, како и натамошно вештачење со кое ќе бидат утврдени фактите во предметот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија во Куманово: „Мерцедес“ удри и усмрти полицаец на службена должност и повреди неколкумина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драстичен раст: 95 здравствени работници заболени од коронавирусот во Македонија

Редакција

Работник почина од струен удар

Редакција

Двете новопочинати лица од коронавирусот во Македонија имале претходни заболувања

Редакција