еМагазин
Image default
Локално

(Вознемирувачки фотографии) Вреќи со убиени кучиња од страна на ветеринар пронајдени во Кумановско

Вреќи со убиени кучиња, медицинска опрема, по што е евидентно дека се убиени од медицинско лице (ветеринар) се расфрлани во старата касарна (населба Карпош, меѓу жители на Куманово позната како Рајкова куќа), информираат од „Анима Мунди“.

„Наш активист е таму и полиција е веќе повикана и на лице место. Грозоморно сведоштво и фотографии на кои се гледаат мртви кучиња во вреќи, расфрлани во старата, веќе непостоечка касарна (населба Карпош), запустено, изолирано место каде речиси нема никаква фреквенција на население.

Кучиња во вреќи и некои надвор од вреќите, собрани во еден куп. Куче кое делува дека барем кусо време било живо и се извлекло од вреќата за потоа да умре.

Кучиња со вкочанети вилици – кои укажуваат на насилна смрт, со канили во вените што укажува дека интервенирал ветеринар. Вреќи полни ѓубре, медицинска опрема и некакви си ќебиња, јоргани, кои не ги отвораме за да користат како материјален доказ за итна полициска истрага. Нема зборови кои се потребни да се дополни овој ужас толку монструозен и видлив за сите, сега преку овие фотографии“, велат од „Анима мунди“.

Од таму прашуваат дали Куманово е црна дупка за животните, централно место за убивање на бездомните животни во државава?

„Дали ветеринари кои се ангажирани од страна на повеќе градови да стерилизираат и ги обележуваат животните, ги убиваат бездомните кучиња? Во тоа уверуваат бројни активисти од Куманово, но и други градови (Кочани, Берово, Пробиштип, Струмица, Делчево), градови во кои како извршител на програмата за хуман третман се води ветеринарната болница, Тодор Велков. Граѓани на кои кучиња се заловуваат за потоа да им се губи секоја трага. Дали општински власти имаат тајни, усни договори кучињата да се заловуваат, но потоа никогаш да не се вратат назад.

Располагаме со бројни сведоштва, бројни пријави се доставени до АХВ, но никогаш не е превземено конкретно ништо! Информираме дека во моментов на лице место е наш активист и е повикана полиција како и инспектори на АХВ и бараме итна и темелна истрага, најстрога затворска казна за сторителот/сторителите, како и трајно одземање на ветеринарните лица, доколку се докаже вистина она што го добиваме како информација во континуитет“, се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Охрид го осуди инцидентот помеѓу советниците: Тоа не доликува на избраници на граѓаните

Редакција

МВР: За Задушница посебен сообраќаен режим во Скопје

Редакција

Битолчанка пронајдена почината во куќа во Охрид

Редакција