еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Вознемирувачко фото) Искасапен коњ ја запре работата на струмичката Пречистителната станица за отпадни води

Деновиве во Пречистителната станица за отпадни води се случи несекојдневна ситуација која предизвика огромни проблеми, материјални трошоци и краток застој во работата, информираат од ЈПКД “Комуналец” Струмица.

„Поточно на влезната груба решетка беа застанати остатоци од искасапено мртво животно, т.е остатоци од мртов коњ.

Единствен начин да дојдат овие остатоци до Пречистителната станица за отпадни води е преку канализациониот систем од фекалната канализација на градот Струмица.

Тоа значи дека некој намерно и неодговорно го отворил капакот на канализационата шахта го искасапил животното и остатоците ги фрлил во канилизациониот систем.

Дефектот се санира, Пречистителната станица за отпадни води и покрај сите проблеми нормално ја извршува својата функција, а целиот овој немил настан е пријавен до комуналниот инспектор на општина Струмица.

Изненадени од ваквата непромислена постапка апелираме до граѓаните за совеснот и поодговорно однесување посебно во делот на користење на канализационата мрежа„, велат од ЈПКД “Комуналец” Струмица.

Фото: ЈПКД “Комуналец” Струмица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Жителите на Русиново се простија од младата Верица и порачаа нејзината хуманост да не се заборави од институциите

Редакција

Вкупно 441: Во Тетово нови 4 лица починаа од Ковид-19

Редакција

Драган Спасов Дац побара оставка од пратеникот Павле Богоевски

Редакција