еМагазин
Image default
Локално

(Вознемирувачко видео) Автобус полн со деца за на екскурзија удри коњ во Струмичко

Коњ во локва крв кој едвај крева глава и умира среде улица, удрен од автобус кој превозува деца од ОУ „Вера Циривири“ на екскурзија, е глетката за која „Анима мунди“ биле информирани од страна на шокирани граѓани.

„Коњот умира пред очите на децата, дел од копитото му е искинато под тркалата на автобусот, без да кој било да му помогне, затоа што ниту еден ветеринар или институција не сакале бесплатно да дојдат и укажат помош.

Прашуваме кој ќе беше одговорен доколку оваа несреќа имаше и последици по човек, по децата? Или ќе се молчи и чека се додека човечка несреќа не се случи?

Пративме ветеринар кој се бори животното да преживее. Иако коњот е злоставуван, дошла полиција, тој повторно ќе заврши во рацете на оние кои го измачувале. Ова е срам и секојдневна реалност во Македонија, злоставување на животните до недоглед и опасност за секој инволвиран во сообраќајот по улиците“, велат од Здружението.

Од таму се обраќаат до сите надлежни институции (АХВ, МВР) и нивното раководство, до градоначалниците и бараат итно да се превземат мерки и законски оневозможи злоупотребата на коњите како превозно средство во урбани средини и мачењето на овие животни во иднина.

Воедно информираат дела „Анима Мунди“ изготви и поднесе Иницијатива за помош на коњите, со која дале конкретни применливи предлози за превземање на конкретни чекори кои би воделе кон унапредување на благосостојбата на коњите, зголемување на безбедноста на сите граѓани во сообраќајот и олеснување на животот на граѓаните кои се најранливата и најмаргинализираната категорија граѓани во нашето општество.

Итно потребна помош во сместување и донации!

Автобус удри во запрежно возило кое буквално му влетало против сите сообраќајни прописи и стандарди, коњ умира на улица, крева само глава, крвари, се бори за живот, ИТНО Е ПОТРЕБНА ПОМОШ! Несреќата е кај Струмица, пративме ветеринар затоа што ниту една вет служба не сакаше да помогне. Неопходни се донации да му се укаже се што е потребно и ако може да се спаси! Донирајте ОН ЛАЈН на https://anima-mundi.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=407:online-online-donate&catid=97:2011-12-07-01-49-52&Itemid=373&fbclid=IwAR3IxB7ZF0egoOprCxmy8iGrSFLGYyKQknNuqX1DvPmF1etUjiuHPDmmxTk или на нашата жиро сметка: Денарска сметка: 240090002006130Депонент: Уни Банка АД – Скопјеили од странство на нашиот paypal: pishpecki@gmail.com со назнака за коњот од Струмица++++Сакаме да дообјасниме дека автобус удрил во запрежно возило кое буквално му влетало против сите сообраќајни прописи и стандарди, – вината не е во превозникот на автобусот кој сторил се што може да се заштитат и ги заштитил патниците.Вината е исклучиво во противзаконитата употреба на коњите во сообраќајот и институциите кои ова го толерираат!

Posted by Anima Mundi – здружение за заштита на животни on Среда, 14 ноември 2018

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

29-годишно момче од Прилеп починало во болница: Детали од МВР

Редакција

Скопјанец давал отпор на кумановски полицајци

Редакција

51-годишен жител на Старо Нагоричане починал додека извршувал градежни активности на куќа

Редакција