еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Вознемирувачко видео) Злоставени, изгладнети, болни, оставени да умрат: Снимки од врвна одгледувачница на расата „кане корсо“ во Македонија

„Зад приказните за врвни легла и одбрани раси, ова е вистината која најчесто нема да ја дознаете и скапата цената која ја плаќаат животните. Снимките се направени во плацот на В.К, кинолошки судија и познат одгледувач на расата кане корсо кој неретко се кител со медали за своите примероци. Ова е она што го добиле животните за возврат“, се вели во соопштението на здружението за заштита на правата на животните „Анима Мунди“.

Снимките се објавени од руски државјани кои биле на плацот со цел да воспостават соработка со одгледувачот (ОВДЕ).

„Измет, мрши, мали кучиња кои дословно умираат пред камера, возрасни примероци, запуштени, изгладнети и болни, услови во кои и лаик би констатирал крајно злоставување и нехуманост, амбиент од кој и на нечовек ќе му се згади.

Ваквите приказни не се ислучок, туку се почеста реалност и ова се случува тогаш кога животните вредат толку колку им е пазарната вредност.

Ветеринарните инспектори наместо да „ловат“ и казнуваат хумани граѓани кои привремено згрижуваат животни (ги казнуваат за немање чипови кај сите – иако знаат дека се згрижени привремено и бараат дом, приказни немате здравствена книшка и слично) со ова треба да се занимаваат, истражуваат, ова треба да го превенираат и спречат, и треба да наплаќаат казни и изрекуваат забрани за било каква дејност која понатаму би вклучила контакт со животни. За вакви грозоморија во нормални земји се изрекува казна затвор, но ние сме Македонија“, додаваат од „Анима Мунди“.

Од Здружението додаваат дека за овој случај знаат кинолози, трговци на раси.

„Се шушка, никако не се зборува јавно и секако не се превзема ништо. Поради големата љубов кон животните! Одгледувачот си заминал од плацот, животни повеќе таму нема. Законодавството ни е такво да секој кој има желба може да отвори одгледувачница, заработува многу и пред никого да не одговара.

Регистар/евиденција на одгледувачници нема, легла одат и над 1.000 евра примерок, женските примероци служат како фабрика за нови и нови, несоодветните репрезенти на расите завршуваат на улица или со смрт. По улиците и стационарите врие од лабрадори, хаски, ротвајлери, шарпланинци, кои за трговците или оние кои ги купиле повеќе не вредат ништо, хумани граѓани и активисти им ги гледаат гревовите“, се вели во соопштението.

„Анима Мунди“ бара итно регулирање на дејноста, дефинирање на условите, најстроги контроли и казни за секој кој неовластено размножува и продава кучиња.

„Доста ни е од злоупотребите и профитот на грб на животните. Инсистираме на темелна истрага на овој случај и одговорност за секое едно мачено и умрено/убиено куче“, велат од „Анима Мунди“.

Видео/фото: Анима Мунди

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од вечерва на полноќ стапува на сила забраната за увоз на јаглен од Русија

Редакција

Последна шанса за договор со Бугарија следната недела, во спротивно блокада на преговарачката рамка

Редакција

Започна процесот на интегрирање на Охридска банка со Шпаркасе банка Македонија

Редакција