еМагазин
Image default
Локално

Вработен во ЈСП – Скопје заразен со корона вирусот

Во Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје е регистрирано едно лице позитивно на Ковид-19. Од ЈСП информираат дека инфицираното лице навремено е хоспитализирано и посочуваат дека не бил во контакт со колегите повеќе од две недели со оглед на примената на владината мерка за ослободување од работни обврски на хронично болни лица.

Лицето, како што соопштуваат од ЈСП, не било вклучено во извршување на јавниот превоз, туку е дел од помошно-техничкиот персонал (паркирач) кое било во ограничен контакт со останатите вработени лица.

Оттаму информираат дека уште пет лица вработени во ЈСП-Скопје, кои исто така се дел од помошно-техничкиот персонал, се во самоизолација, откако било пријавено дека имале контакт со лица кои претходно биле во непосреден контакт со лица вратени од патување од земја со среден или висок ризик.

„ЈСП-Скопје како општествено одговорно претпријатие и натаму ќе се придржува и ќе ги презема препорачаните мерки во борбата за превенција од ширење на Ковид-19, а истовремено ги повикуваме корисниците на јавниот превоз да се придржуваат кон апелите за рационално користење на јавниот превоз и да се однесуваат согласно препорачаните мерки донесени од Влада на РСМ.

Сите возила вклучени во јавниот превоз секојдневно се подложни на дополнителна дезинфекција, а секојдневно се прават напори на вработените лица да им се обезбедат заштитини маски, ракавици и средства за дезинфекција“, информираат од ЈСП.

Согласно превентивните и заштитните мерки донесени од Владата на РСМ, 179 лица се ослободени од работа, поради хронични заболувања, бременост, родители на деца до 10 години и слично.

„На сите лица кои влегуваат во автобазите (работните простоии) на ЈСП-Скопје им се мери телесната температура, а на сите вработени кои не се потребни во режим на намален интезитет на работа им се сугерира да ги користат старите годишни одмори.

Дирекцијата има скратено работно време, воведено е ротационо работење, дел од билетарниците и центрите за персонализација се затворени или работат скратено, така да се превземени сите можни превентивни и заштитни мерки, се вели во соопштението на ЈСП.

ЈСП-Скопје ја информирa јавноста дека одговорно, навремено и активно ги спроведува и презема сите неопходни, превентивни и заштитни мерки во борбата против ширење на Ковид-19, како би ги заштитило корисниците на јавниот превоз и своите вработени“, соопшти ЈСП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Британскиот премиер Борис Џонсон заразен од корона вирусот

Вкупно заболени 219 пациенти: Регистрирани 18 нови случаи на корона вирус, од кои 11 во Скопје

(Видео) Ќотек и склекови за Индијците кои не ги почитуваат забраните за корона вирусот

Доктори прогнозираат уште колку ќе трае корона вирусот во „Еден на Еден“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Приведен 31-годишен дилер на марихуана во Охрид

Редакција

Американски параглајдерист падна врз „Мицубиши“ во Љубаништа

Редакција

Нелегални таксисти фатени на дело во Охрид

Редакција