еМагазин
Image default
Македонија

Вработена во армијата пријавила обид за обљуба од колега, Министерството за одбрана го испитува случајот

Вработена во македонската армија пријавила во СВР Куманово дека нејзин колега се обидел да изврши обљуба во кумановската касарна „Боро Менков“, информира МВР.

Настанот во кумановската полиција на 19 ноември во 19:20 часот, го пријавила  вработената во АРМ.

– Пријавила дека на 18.11.2019 околу 13:00 часот во касарната „Боро Менков“ во Куманово нејзин колега се обидел да изврши обљуба над неа, се наведува во соопштението на МВР.

Од полицијата информираат дека е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

За случајот регираа и од Министерството за одбрана:

“Министерството за одбрана најстрого осудува секаков обид за сексуално вознемирување.

Сексуалното вознемирување во Армијата е апсолутно недозволиво. Случајот се испитува и доколку се докаже министерството ќе има нулта толеранција.

Никој не смее да помисли да ги вознемирува припадничките на Армијата и да го намалува угледот на Армијата“.

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев, Димитров и Османи утре во Софија ќе се сретнат со бугарскиот премиер и претседателот Радев

Редакција

Два нови случаи на корона вирусот во гостиварско, еден во градот и еден во Врапчиште

Редакција

МНР го осуди палењето на бугарското знаме

Редакција