еМагазин
Image default
Македонија

Вработена во Поликлиниката Чаир позитивна на корона вирусoт, извршена дезинфекција на објектот

Вработена во Поликлиниката Чаир е заболена од корона вирусот и веднаш е ставена во изолација, по што е извршена дезинфекција на објектот, потврди денеска директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски.

Посочи дека досега во Здравствен дом Скопје со корона вирусот се заразени вкупно четворица вработени.

„Во Здравствен дом Скопје дијагностицирани се позитивни тестови на четири лица и тоа телефонистка од Поликлиниката Чаир, медицинска сестра од Поликлиниката Ченто, возач на Итната медицинска помош, како и медицинска сестра од Домашната посета. За сите овие лица е одреден домашна изолација и земена е епидемиолошка анкета“, рече д-р Исјановски.

Додаде дека дезинфекција е извршена и во останатите поликлиники, како и во Итната медицинска помош, а одлучено е вработените во Домашна посета покрај останатата заштитна опрема да носат и скафандери.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Без изразени симптоми 126 лица од заболените со коронавирусот во Македонија

Во Скопје 208 лица заболени со коронавирусот, како изгледа мапата по скопските општини

Голем раст: 52 здравствени работници во Македонија се заразени со коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа уште седум лица од Ковид-19, вкупно 3.126

Редакција

Рекордно ниски температури: Во Берово минус 21, во Битола минус 20 степени

Редакција

(ВИДЕО) Тепачка за микрофонот на вториот протест против ковид-мерките пред Владата

Редакција