еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вработени во општинско претпријатие со сопругите го вандализирале македонскиот клуб, градоначалникот на Благоевград нема да ги казни

Градоначалникот на Благоевград, Илко Стојанов ја потврди информацијата која ја објавија бугарските медиуми, дека вработени во општинското претпријате „Озеленување“ со сопругите го вандализирале македонскиот културен клуб “Никола Вапцаров“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведени двајца мажи и две жени за вандализмот врз македонскиот клуб во Благоевград

-Вчера „протече“ информација од МВР дека двајца вработени во ОП „Озеленување“ се приведени во Благоевград, како и нивните сопруги, бидејќи го скршиле стаклото од просторијата, која е прогласена за „Македонски културен клуб“.

Сите знаеме дека судот е надлежен да одлучува за казнениот дел на некое дело. Градоначалникот на општината, кој во случајот се чини дека е работодавач на двајцата вработени, може да донесе одлука само според Законот за работни односи.

Во оваа насока, како работодавач на двајцата вработени, би сакал да ви кажам која е мојата одлука.

Доколку се докаже вината на вработените во општината, ќе го применам принципот на реципроцитет на казните. Тоа значи дека работниците во општина Благоевград ќе ги казнам со точно иста казна како и цариниците, граничните полицајци и другите функционери на северот на Македонија, кои предизвикаа психичко и физичко насилство врз многу Бугари.

Во моментот кога ќе бидат отпуштени функционери во Северна Македонија кои предизвикуваат малтретирање на бугарските граѓани, веднаш ќе ги отпуштам вработените во ОП „Озеленување“ во општина Благоевград, напиша тој на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фотографии од демолираниот македонски клуб во Благоевград, ОМО Илинден Пирин бара истрага од бугарските власти

Фото: ОМО-Илинден Пирин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДОМ и ЛДП остануваат дел од парламентарното мнозинство, не се за одржување на предвремени избори

Редакција

Новата американска амбасадорка му ги предаде акредитивните писма на Османи

Редакција

Измената на Уставот „не е голема работа“, смета Захариева

Редакција