еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Вработените на Рамсторе заедно со своите потрошувачи се вклучија во одбележувањето на Светскиот ден на гладта

Вработените на Рамсторе заедно со своите потрошувачи повторно ја покажаа својата хуманост и втора година по ред активно се вклучија во одбележувањето на Светскиот ден на гладта 16. октомври под мотото ЗАПОМНИ! Еден од шест луѓе си легнува гладен секоја вечер” .

„Во соработка со Организцијата Сите Сити “Ајде Македонија” вработените на Рамсторе заедно со своите потрошувачи уште еднаш го потврдија своето општествено одговорно однесување со значајна донација од  2.500 парчиња храна која ќе биде распределена на семејствата на децата од улица, двата шелтри за жени жртви на семејно насилство во Скопје и лица/семејства со посебни потреби.

Големиот интерес од страна на нашите вработени и потрошувачите е доказ за постоење на хуманост и солидарност и како компанија и како личности.

Ние како компанија ќе продолжиме да се вклучуваме во слични општествено одговорни проекти со  цел да го побудиме хуманиот дел и да го поттикнеме чувството на солидарност и на хумана димензија кај сите. Веруваме дека секоја донација направена денес ќе биде корисна за нашето општество, а воедно ќе им помогне на оние на кои им е најмногу потребна“, велат од Рамсторе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Полска вечер на „МакеДокс“

Редакција

(ВИДЕО) Александар ја запроси Матеја на дното од Охридското езеро

Редакција

Врачена државната награда „Св.Климент Охридски“ за 2018 година

Никола Осило