еМагазин
Image default
Македонија

Врховен одлучи: Томор Морина нема да биде екстрадиран во Србија

Врховниот суд на Република Северна Македонија денеска го потврди решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје од 7 август годинава, кој одлучил дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција во Србија на лицето Томор Морина, државјанин на Велика Британија и на Република Косово.

Во образложението на решението е наведено дека лицето Т.М., чија што екстрадиција се бара, е државјанин на Р.К. и на В.Б., а не државјанин на Р.С., додека пак, кривичното дело за кое се бара екстрадиција на лицето е сторено на територија на Р.К., ставено под власт на Обединетите нации со резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации S/RES/1244 (1999) од 10.06.1999 година, независно од 2008 година, која независност е признаена и од страна на Република Северна Македонија.

Поради тоа, согласно со одредбите од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја и од Европската конвенција за екстрадиција со Првиот и Вториот Дополнителен протокол во врска со Законот за ратификација на Третиот доолнителен протокол на Европската конвенција за екстрадиција и Законот за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Република Србија за екстрадиција, судот нашол дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на лицето Т.М., објавено е на веб страницата на Врховниот суд.

Врховниот суд во совет составен од судиите: Рахилка Стојковска – претседател на советот, Шпенд Деваја и Африм Фидани, членови на советот, со виш судски соработник, по извршениот увид во списите приложени кон предметот, решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје КИОК-КС.бр.252/19 од 07.08.2019 година, а имајќи го предвид и мислењето на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, заклучи дека „решението е основано““.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривичен суд: Не се исполнети условите за екстрадиција на Морина во Србија

Во Врховен не е пристигнато решението на Кривичниот суд за Томор Морина

„Оваа е таа подвоеност на владата и судството?“: Османи и Нухиу на „тапет“ на Твитер за Морина

Османи лично се ангажирал да се ослободи Морина, поранешен припадник на ОВК

Камо да се ангажираше Османи за македонските граѓани како за Морина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска демантира дека синот на Мира Дизел незаконски се вработил во ЕЛЕМ

Редакција

Мицкоски бара детална истрага за Јанева и други обвинители за „Рекет“ и да се одземат сите предмети на СЈО

Редакција

Столтенберг ја обвини Русија дека го попречува влезот на Македонија во НАТО

Редакција