Дожд и ветер го зафатија Скопје попладнево, што придонесоа за чистење на воздухот кој неколку дена беше загаден.
Но, во другите делови од државата врне снег, кој предизвика отежнато одвивање на сообраќајот.
Според АМСМ, од 20.15 часот поради врнежи од снег и засилен северен ветер од превентивни причини се воведуват забрани за тешки товарни возила на патните правци Крак-Маврово-Дебар и Крак-Стража.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.