еМагазин
Image default
Бизнис

Вршителите на туристичка дејност бараат помош од Владата

Од здружението на граѓани „Хост Турист“ бараат помош од државата, бидејќи поради вонредната состојба прогласена за справување со корона вирусот и затворените граници целосно им се запрени резервациите и прометот.

Станува збор за вршители на туристичка дејност кои не се регистрирани како фирми, но работат легално и се уредно регистрирани во општините, МВР и Управата за јавни приходи (УЈП).

„На иницијатива на градот Скопје направивме многу позитивна средба во 2018 година во просториите на градот каде што ни излегоа во пресрет за нашите барања во врска со тоа да може на повеќе начини да се изврши легализација на нашата дејност и се одлучи да се регистрира здружение со кое влеговме во борба со нелегалната конкуренција, која нема ниту еден потребен документ за обавување на оваа дејност како физички лица и ни задава проблеми во редовното работење“, велат од здржението.

Тие велат дека сега не се опфатени со ниту една мерка за помош поради корона вирусот, бидејќи не се регистрирани како фирми, туку како вршители на туристичка дејност што издаваат станови и затоа предлагаат да им се овозможи месечна парична помош во висина на минималната плата додека трае оваа вондредна ситуација која би се исплаќала на нивните членови кои работат легално и еднократна парична помош.

„Оваа сума да се исплаќа по легализиран стан и со приложување на целокупната наша документација за регистрацијата“, велат од здружението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед: Најголем број од новозаболените од корона вирусот во Струга и Скопје

Породилното отсуство се продолжува до истекот на времените мерки за корона вирусот

Занаетчиите незадоволни од владините мерки за справување со „корона-кризата“

Детален преглед: Кој и како може да аплицира за државна помош од 14.500 денари по вработен?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Акционерот во Раде Кончар-Апаратна техника, Стојков ги подари акциите на ќерката и синот

Редакција

Детален преглед: Кои компании од берзата прават профит, а кои работат со загуба?

Редакција

Кој сè е акционер во Жито Полог, кој го презеде Орка холдинг

Редакција