еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Втор бран на корона вирусот: Петнаесетина семејства сочинуваат 90 проценти од новозаболените

Петнаесетина семејства сочинуваат околу 90 проценти од новите случаи на заболени од Ковид-19, покажува кластерската анализа на новодијагностицирани пациенти, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Според него, ова укажува дека болеста се шири тесно во рамки на овие кластери, но има и нови спорадични случаи што е доказ дека вирусот постои и се шири.

„Несомнено е дека имаме еден втор бран којшто е резултат на непочитувањето на мерките за собири и групирање што го докажа и деталниот увид во деталните епидемиолошки прашалници.

Но зголемениот број на заболени е очекуван поради начинот на тестирање што се применивме измиинатите денови“, истакна Филипче на денешната прес-конференција.

Нагласи дека очекувањата се оти овој бран многу кратко ќе трае, но сепак, како што рече, се максимално внимателни и претпазливи.

МИА/Фото: МЗ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови двајца починати од корона вирусот, вкупно 149

Убава вест: Оздравени нови 11 пациенти од корона вирусот, вкупната бројка е 1.632

Официјално: Рекордни 180 новозаболени од корона вирусот, најмногу во Скопје 109

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицајци сведочеа на судењето за насилниот протест за пресудата за “Монструм“, уште едно лице призна вина

Редакција

Трамп стана првиот американски претседател за кој Конгресот препорача кривично гонење

Редакција

Комисијата за заразни болести предлага нова методологија за проценка и следење на епидемиолошкиот ризик од Ковид-19

Редакција