еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Второ издание на „После часови“ на 14 и 15 септември во Градски парк во Скопје

Септември е месецот на нови почетоци, а најдрагиот почеток е исполнет со силен детски џагор, стартот на новата учебна година и настанот кој на едно место ги собира сите неформални активности и програми за деца и млади.

И овој септември Градскиот Парк ќе биде разигран со многу насмевки и возбудени детски лица на второто издание на „После часови“ – единствениот саем за воннаставни активности за деца и млади кај нас.

Овој интерактивен настан ќе опфати голем број на области кои вашето дете ги посетува по завршување на училишните обврски – од уметност, спорт, музика, танц, ликовна уметност, пеење, едукативни центри и програми, изучување на странски јазици, училишен прибор и реквизити.

Второто издание на „После часови“ ќе имате можност да го посетите на 14 и 15 септември во најзеленото катче во нашиот град – Градскиот Парк, поточно на Школка.

Овие два дена ќе бидат исполнети со разни забавни, активни и практични активности, а секое дете ќе ја има уникатната можност да го искуси и доживее сѐ она што го нудат најдобрите едукативни  центри, организации, музички и уметнички студија и спортски клубови кај нас.

Целта на организаторите на овој настан, Моментум Инк., е на сите млади родители да им олесни во одговорот на прашањето “Дали Вашето дете квалитетно го поминува времето после часови?

На овој настан сите родители ќе имаат можност од прва рака и на едно место да ги дознаат сите информации кои се поврзани со воннаставните активности на нивните деца – да се информираат за сите програми кои се достапни кај нас, услови, термини, да се запознаат со обучувачите, да ги запишат своите малечки на она кон што имаат најголеми афинитети и интерес на лице место по специјални цени!

Наскоро ќе биде објавена и целосната програма за настанот, затоа не пропуштајте да ги заследeте официјалните страни на Facebook и Instagram за да дознаете повеќе!

Настанот е отворен и бесплатен за сите, а ќе биде отворен на 14-ти и 15-ти септември со почеток од 10:00 часот, а ќе трае се до 18:00 часот во текот на двата дена.

Следете ги сите информации и детали на настанот на Facebook и на официјалната Facebook фан страна – ОВДЕ.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

САСА ќе продолжи да вложува над 300.000 долари годишно во развојот на заедницата

Редакција

Саем на мебел на нова локација и во нови современи хали

Редакција

Модната агенција „Моделс ИН“ организира кастинг и курсеви за нови лица

Редакција